Законодавен дом

Денеска нема да се гласа за одлуките за вонредна состојба, попладне ќе се избираат потпретседатели на Собранието

Собранието денеска попладне се очекува да ја продолжи седницата на која ќе се расправа за предлог-одлуката за потпретседателите на Собранието. Предлог-одлуката за петмина потпретседатели ја поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери, кој на денешната средба со новинарите кажа дека на координативната средба пратеничките групи се согласиле да продолжи оваа седница. До завршување на расправата, како што појасни Џафери, пратениците може да поднесат амандаман за промена на оваа одлука, а тој како предлагач да се изјасни за неа.

Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, две предлага Комисијата за избори, а другите две се на мнозинството.

На седницата закажана за претпладнево се петте одлуки за вонредна состојба на претседателот Стево Пендаровски што во законодавниот дом треба да бидат потврдени со двотретинско мнозинство.

Опозицијата на координацијата не се изјаснила како ќе гласа за овие одлуки, но според Џафери, денеска за нив нема да се гласа. Седницата најверојатно ќе биде прекината по точката за Информацијата за состојбите со лозаропреработувачкиот сектор во 2020 на ВМРО – ДПМНЕ, за да се овозможи да се одржи јавна расправа.

Џафери најави одржување и средба во рамки на процесот Жан Моне, но ќе се процени дали таа ќе се одржи со физичко присуство или онлајн. На овие средби ќе се продолжи со работа за промена на Деловникот, а ќе се отворат и нови прашања поврзани со верификација на мандатите и конституирање на Парламентот, нешто што беше наметнато во јавноста по последната конститутивна седница. 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе