Кривичен суд

Денеска на рочиштето за „Монструм“ јавноста ќе присуствува на сослушувањето на заштитен сведок

По последното одложување на закажано рочиште за случајот „Монструм", денеска и утре продолжува судењето за овој случај. На денешното рочиште треба да биде сослушан заштитениот сведок и за прв пат на новинарите им е дозволено да бидат присутни на вакво сослушување.

Последното рочиште (11 јули) беше одложено поради болест на судијата, што предизвика бурни реакции на родители и роднините на убиените момчиња кај Смилковското Езеро во Скопје на 12 април 2012 година. Предметот во април годинава го презеде Специјалното јавно обвинителство.

На 12 април 2012 година беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Дозволата рочиштето да се отвори за јавноста следеше откако медиумите, а и роднините на убиените 4 момчиња и рибарот се побунија дека овој исказ не е таен, туку таен е само идентитетот на лицето кое ќе сведочи. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека се согласува и јавноста да влезе во судница, а на ваквиот предлог не се противеше ниту одбраната. По ова и судијата Огнен Ставрев рсе согласи со тоа и новинарите да можат да присуствуваат на сослушувањето на заштитениот сведок за случајот „Монструм".

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм", а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе