Луксембург

Денеска министерски совет на ЕУ за преговорите со Македонија, шансите се мали

Денеска се одржува Советот за општи работи на ЕУ на кој министрите за европски прашања на земјите членки на Унијата треба да донесат одлука за одржување на првата Меѓувладина конференција со Македонија и со Албанија, но сигналите од Софија не даваат голем простор за надеж, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Португалија, која претседава со денешниот состанок, не се откажува од позитивна одлука, според нивните дипломати во Брисел. Дипломатските контакти на релација Лисабон – Софија се интензивираа во последните недели, а Португалија поднесе и конкретен предлог до двете страни, кој треба да служи како компромисно решение за Бугарија да ја крене својата блокада.

И покрај португалскиот оптимизам, македонската страна останува воздржана. Премиерот Зоран Заев во повеќе наврати посочи дека не сака да ги крева очекувањата на граѓаните за да се избегне ново разочарување.

Македонија, како и Албанија, од 2018 чекаат формално да започнат овие преговори со ЕУ за кои сега и двете земји ги исполнија сите услови, а воведена е и нова преговарачка методологија во ЕУ, на барање на Франција.

Сценаријата за одвојување на Македонија и Албанија и понатаму кружат во дипломатските кругови во Брисел, иако мнозинството земји членки и челници на ЕУ изјавија дека се против оваа опција. Останува сепак дека Тирана, за разлика од минатата година, сега ги исполнува условите за старт на преговори, и има поддршка и од највоздржаните земји.

Се очекуваат бурни дебати денеска помеѓу министрите за европски прашања во Луксембург, каде што се одржува овој Совет за општи работи.

Португалија има целосна поддршка од сите земји членки на ЕУ за поднесениот предлог за надминување на блокадата на Бугарија, на Софија останува да одлучи дали повторно ќе го искористи ветото и покрај бројните критики од останатите земји членки дека ова вето не е принципиелно, но и дека повторно блокирањето на Македонија испраќа негативна порака и во самата земја, како и во целиот регион, посебно кога е во прашање решавање на билатерални спорови.

Македонскиот државен врв гарантираше повеќе пати дека јазикот и идентитетот нема бидат жртвувани за почеток на преговори со ЕУ. 

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе