ДИК

Денеска истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за изборите во Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Денеска истекува рокот за пријавување за гласање во домашни услови за болни и немоќни лица и оние кои се во изолација за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово, што ќе се одржат на 20 август.

„Рокот за пријавување за гласање во домашни услови, за болни и немоќни лица и оние кои се во изолација поради ковид, истекува утре. Тие треба да се пријават или електронски во Општинската изборна комисија или преку овластено лице. Гласањето за овие лица е на 19 август, ден пред одржувањето на изборите“, соопшти вчера членот на ДИК Борис Кондарко.

Бидејќи денот на одржување на изборите е сабота, овие лица треба да гласаат во петок на 19 август, во работен ден.

„Со оглед на тоа што гласањето е во работен ден, сите членови на избирачките одбори, треба да бидат ослободени од работни обврски и општинските комисии треба да им дадат потврда која треба да ја однесат на работа“, изјави потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.

На 19 август, петок, ќе гласаат и затворениците.

Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август. 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе