ПРЕДИЗБОРИЕ

Денеска истекува рокот за кандидатските партиски листи за пратеници

На полноќ истекува рокот за пријавување на кандидатските листи за пратеници за изборите на 11 декември. Според календарот на Државната изборна комисија денеска истекува и рокот за пријавување на гласачите во дијаспората.

Поголемиот дел од партиите и коалициите веќе ги објавија имињата на кандидатите за пратеници и носителите на листите. Се очекува денеска тоа да го објави и ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери.

Неофицијално, лидерот на партијата Никола Груевски ќе биде носител во првата изборна единица, Никола Поповски во втората, Илија Димовски во третата, Никола Тодоров во четвртата, Антонио Милошоски во петтата и Влатко Ѓорчев во шестата изборна единица.

Вчера кандидатите ги објавија ДУИ и Коалицијата за промени и правда. Лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе биде носител на кандидатската листа во шестата изборна единица, во првата прв на листата е Артан Груби, во втората Ејуп Халими, во третата изборна единица Нафи Дурмиши, во четвртата Артин Спахиу, во петтата Агим Шаќири, а во седмата Џевдет Спахиу.

Од Коалицијата за промени и правда (ДС, МОРО Работничка партија, ФРОДЕМ и ДЕМОС) носители на листите се Павле Трајанов, Јове Кекеновски, Весна Стоименовска, Слободан Богоевски, Александар Делов и Бранко Мајсторовски.

На листите на коалицијата ВМРО за Македонија (ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство) носители се Ден Дончев, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов...

На кандидатските листи на СДСМ носители се Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Љубчо Николовски, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Петре Шилегов.

ДИК има 48 часа да ги разгледа и потврди листитите. Ако бидат констатирани некакви неправилности, партиите ќе имаат 48 часа за поправка на грешките. Ждребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.

На полноќ завршуваат и роковите за јавниот увид во избирачкиот список, за пријавување на државјаните на Република Македонија за гласање во странство и за обновување на избирачкото право на лицата со спорни записи по последните теренски и административни проверки на списокот.
До вчера до 14 часот пријавени за гласање биле 16.720 македонски државјани кои живеат во странство од кои 14.156 се прифатени, одбиени 208, а во обработка се 2.356.
Во однос на 29.858 спорни записи по последните теренски и административни проверки на списокот, за регулирање на избирачкото право аплицирале 1.043 граѓани. ДИК прифатила 1.005 апликации додека 38 се во обработка. До денеска на полноќ е последниот рок овие лица да го регулираат своето избирачко право.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе