Денеска Хан во Скопје на средби со Пендаровски, Заев и Мицкоски

Реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен на Северна Македонија да и биде одреден датум за почеток на пристапните преговори, ќе биде главна тема на средбите што ќе има денеска во Скопје еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Хан, со државниот врв и со лидерот на опозицијата се очекува да разговара и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

Предвидено е премиерот Заев и комесарот Хан да одржат и заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците.

Во посета на земјава утре ќе престојува и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој доаѓа во Скопје од Атина каде што имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас.

Во Скопје, според најавата од Стејт департментот, Филип Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе