Атина

Денеска грчкиот парламент ќе гласа за протоколот во НАТО, за 7 дена стануваме Северна Македонија

Грчкиот парламент денеска би требало да го ратификува пристапниот протокол на НАТО со Македонија по што земјата во рок од седум дена и официјално треба да го смени името во Северна Македонија. Нацрт законот за ратификација на протоколот вчера доби зелено светло од Одборот за одбрана и надворешни работи на грчкиот парламент, а денеска за него ќе се изјаснат пратениците на пленарна седница.

Гласањето се очекува да виде во вечерните часови. Според очекувањата на дипломатите, Македонија би можела да стане полноправна членка на самитот на НАТО кој ќе биде одржан во декември во Лондон.

Словенечката влада го дефинираше текстот на предлог-законот за ратификација на протоколот за пристап на Македонија во НАТО потпишан во средата во Брисел и го достави до националното собрание, познато како Државни збор.

„Западен Балкан е стратешки важен за безбедноста на Словенија, НАТО и Европската Унија. Проширувањето на евроатлантската алијанса кон Западен Балкан останува еден од клучните катализатори на напредокот во регионот и обезбедува регионална стабилност“, велат официјални словенечки претставници.

Протоколот ќе стапи во сила кога секој потписник на Северноатлантскиот договор официјално ќе ги извести Соединетите Американски Држави за неговото усвојување. САД ги известуваат сите потписници на Северноатлантскиот договор од денот на приемот на службеното известување и датумот на влегување во сила на Протоколот.

Словенија ќе биде втората земја по ред која ќе го ратификува протоколот за прием на Македонија во НАТО. Првата треба да биде Грција.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе