ОДЛОЖЕНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

Денеска е годишнината од Рамковниот договор, за Зврлевски пратениците ќе расправаат утре

Закажаното за денеска продолжение на собраниската седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе продолжи утре. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера инсистираше Собранието да продолжи со работата и денеска, сепак седницата е презакажана за утре во 11 часот.

Џафери денеска во 19 часот ќе се обрати по повод одбележувањето на 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, што ќе се одржи во  хотелот Александар Палас во Скопје.

Опозицијата вчера бараше денеска да не работи Собранието, но Џафери одговори дека маратонските реплики и контрареплики токму на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се виновни за тоа.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе