четврток, 28 март 2024
Средба на премиерот и главниот обвинител

Џафери и Коцевски разговараа за „пресретнување“ на дела против изборите

На барање на техничкиот премиер Талат Џафери се одржала средба со главниот обвинител Љупчо Коцевски на која станало збор за претстојните избори и надлежностите на институциите за мирни, фер и демократски изборен процес. Обвинителот Коцевски изразил целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Објавено на

часот

Сподели

Џафери на состанокот ја истакнал недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочил дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието, соопшти прес-службата на Владата.

Заеднички боло констатирано дека двојните избори се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Македонија во евроинтеграцискиот процес.

Нагласено било очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ