Изборни лавиринти

Денесека пак ќе се одлучува за вонредна состојба, а изборниот роковник ќе се редефинира по завршувањето

Во владината Уредба со која се прекинаа изборните процеси поради пандемијата од коронавирусот пишува дека изборните дејства ќе продолжат кога ќе престане вонредната состојба. Уставниот суд веќе донесе одлука да не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба. Ова значи дека денеска претседателот и по трет пат ќе може да прогласи вонредна состојба.

Вчера Комисијата за заразни болести предложи продолжување на вонредната состојба за што во текот на денот Владата треба да го прифати или одбие овој предлог и да го информира Советот за безбедност на претседателот на државата кој за денеска закажа седница.

Утре истекува вторите 30 дена вонредна состојба прогласени од претседателот Стево Пендаровски. Во услови на нефункционирање на Собранието, двете решенија на претседателот останаа без потврда од пратениците.

Во Уредбата за прекинување на изборниот процес се вели дека изборните дејствија преземени согласно одредбите на Изборниот законик, до денот на стапување во сила на оваа уредба, се сметаат за важечки. Државната изборна комисија, по евентуалното прекинување на вонредната состојба има рок од еден ден да го објави ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија.

Неофицијално, денеска на седница на Советот за безбедност ќе се разговара за прогласување нова вонредна состојба ама пократка од 30 дена.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски бара време од најмалку 50 дена за да може да се прочисти Избирачкиот список и да се завршат сите други работи неопходни за нормален изборен процес.

А.Д.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе