ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ НА ИСТА МАСА

Денеска во 17 часот лидерска средба кај Пендаровски

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи денеска во 17 часот во „Вила Водно".

На лидерската средба се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на движењето Беса Билал Касами.

Организирање предвремени парламентарни избори ќе биде во фокусот на лидерската средба закажана за попладне во 17 часот во претседателската резиденција „Вила Водно", иницирана од претседателот Стево Пендаровски, откако државава не доби датум за почеток на преговори за членство со Европската унија.

Претседателот добил позитивен одговор од сите поканети – лидерите на најголемите парламентарни политички партиии од власта и од опозицијата. Речиси сите од нив во пресрет на средбата побараа предвремени избори, власта насока од народот за идниот пат на државата и нов мандат за да ги продолжи реформите, а опозицијата казна за Владата за неуспехот за почнување преговори со ЕУ и доверба за, како што велат, нов почеток за државата.

Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција рече дека кај Пендаровски ќе оди со предлог за предвремени избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува договор за избори, ако Заев не се предомисли.

И за лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите.

За Алијанса за Албанците е добра вест што ќе има предвремени парламентарни избори.

Политичката партија Алтернатива, по негативната одлука за преговори за членство на држвава со Европската унија побара што побргу да се прогласат предвремени избори, кои, како што вели лидерот Африм Гаши, ќе го потврдат ставот на граѓаните за своите посакувани претставници.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе