Одложено сослушувањето на заштитениот сведок

Денес нема ништо да работиме, колегата ми е болен, рече судијата на „Монструм“

Дојдов да ве известам дека денес нема ништо да работиме, бидејќи мојот колега се разболе, рече судијата Огнен Ставрев на судењето за случајот „Монструм“. Наместо сослушување на заштитениот сведок судијата Ставрев ги извести присутните дека денешното рочиште се одложува за 22 август.

„Во последен момент добив известување дека мојот колега од вчера попладне е на боледување и не може да присуствува на денешното рочиште. Се надевам дека за следното закажано рочиште во август ќе се создадат услови за да работиме“, рече судијата Ставрев.

По ваквото негово известување следеа жестоки и бурни реакции на родителите на убиените момчиња и рибарот. Тие реагираа дека во судската постапка за „Монструм“ се играат игри во судот кој траат до бескрај. Горан Накевски, татко на убиениот Александар, пред судот нагласи дека разболувањето на судиите му е веќе познато и од претходната судска постапка која ја водеше судијата Ивица Стефановски.

„И претходниот судија Ивица Стефановски го легнаа болен во кревет и сега истото се случува и со вашиот колега. Ни ја ветивте вистината, но се чини дека овде некој друг центар управува со судот. Слушнете ги мајките на убиените деца да видите што имаат тие да кажат и како Заев ги лажел пред икона. Овде случајно сите судии се разболуваат во јули кога нешто важно треба да се каже“, рече Накевски пред судот.

Судијата Ставрев на ова возврати дека има разбирање дека и нему не му е лесно и дека овде нема никакви игри. Тој додаде дека тоа што го ветил, односно откривањето на вистината ќе го исполни во оваа судска постапка.

Родителите на убиените го прашаа судијата и до каде е екстрадиционата постапка за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ на ова добија одговор од судијата дека косовските власти не ги даваат двајцата бегалци, дека тоа не е така едноставно и дека со последното писмо кое било испратено вчера кривичниот суд бил известен дека овие две лица не се достапни на македонските органи на прогон.

К.Д.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе