На средба во Атина

Дендиас-Захариева: Го помагаме патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ, а условите мора да се почитуваат

Интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата во грчкото МНР со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, јавува МИА од Атина.

Министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија изразија поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, но со почитување на поставените услови.

„И Бугарија и Грција се фактори на стабилност и коразвој во нашиот регион. Ние сме помагачи на патот на нашите соседи кон Европската унија, на балканските земји, на Северна Македонија и Албанија, секако, секогаш под услов да се почитуваат поставените услови. Интеграцијата на овие земји во Европската унија и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан“, рече Дендиас.

Според Захариева, тоа е од огромно значење за сигурноста на двете држави, но заедничка е перцепцијата дека треба строго да ги исполнат реформите и да ги следат принципите на добрососедство.

Двајцата министри разговарале и за пандемијата, за последиците и за напорите за враќање во нормала, а Захариева и на средбата со Мицотакис и на средбата со Дендиас го покренала прашањето за отворање на втор граничен премин меѓу двете земји, освен Промахонас.

Дендиас рече дека грчкиот премиер ѝ ветил на Захариева дека ќе го разгледа конкретното прашање.

За овие теми како и за случувањата со Турција захариева разговарала и со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Сакеларопулу истакнала дека очекува „практична демонстрација на солидарност од партнерите во ЕУ и секако од пријателска Бугарија“, а Захариева потенцирала дека Бугарија и Грција се пример за добрососедски и пријателски односи во ЕУ.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе