„По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканот и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на Северна Македонија и Албанија. А како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа“, изјавил Дендиас.
На прашањето дали Грција би презела конкретни иницијативи, тој одговара дека „иницијатива е многу силен збор“ и додава дека тие се пријатели со сите и се обидуваат на сите да им помогнат.
„Но, повторно треба да кажам дека треба да ја гледаме големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во Европската унија“, вели Дендиас.