Во изјава за МИА

Дендиас: Почитувањето на Договорот од Преспа е предуслов за непречен европски тек на Северна Македонија

Грција силно ја поддржува европската перспектива на Македонија и работи на преземање конкретни иницијативи, со цел ЕУ да даде зелено светло за почеток на преговори со земјава, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Во изјава за МИА пред утрешната посета на Скопје, Дендиас ја изразува и силната поддршка на Грција за европската перспектива, не само на Македонија, туку на целиот Западен Балкан, а тоа е политика која, преку Солунската агенда, Атина ја вовела во приоритетите на Европската унија.

„Нашата поддршка за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Унијата е дадена. Работиме на тоа и преземаме конкретни иницијативи, во консултација со сите наши партнери во ЕУ, со цел што е можно поскоро, во таа насока, да се донесе позитивна одлука во Унијата. Секако, она што се подразбира е дека од страна на Република Северна Македонија не треба да се намали интензитетот на напорите за усогласување со европските стандарди. Исто како што се подразбира и дека од страна на Грција, ќе има силен поддржувач во овој нејзин обид“, вели Дендиас.

За утрешната посета на Скопје тој вели дека доаѓа во „земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО“ и во земја која очекува „да биде и партнер на Грција во ЕУ во не толку далечна иднина“.

„За време на мојата посета се надевам на конструктивни средби, што ќе донесат резултати во корист на двете соседни држави, резултати видливи и за нашите граѓани. Со мојот колега, министерот за надворешни работи, со господинот Димитров веќе се сретнавме неколку пати во изминатиот период и имаме искрен однос, однос на заемно почитување, на природност и искреност и на меѓусебно разбирање. Нашите билатерални односи се исклучиво важни и за двете наши земји. Работиме за нивно суштинско зајакнување и продлабочување во поширокиот спектар на области“, изјавил Дендиас.

Во однос на Договорот од Преспа, грчкиот министер порачува дека тој е обврзувачки и за двете земји и додава дека неговото целосно спроведување значи и дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на двата народи.

„Неговото почитување е предуслов за непречен европски тек на Северна Македонија и затоа треба целосно и доследно да се спроведе. Целосното спроведување значи напуштање на провокациите од минатото, значи консолидација на добрососедските односи и заемно почитување. Значи дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на нашите народи“, истакнува Дендиас.

Тој, во Скопје утре ќе допатува заедно со  заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија, Костас Франкојанис. 

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе