Дендиас очекува целосно почитување на договорот од Преспа, без разлика на Владите

Договорите мора да се почитуваат, без разлика на Владите, а ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по средбата во Атина со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакнав дека ние го поддржуваме пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија и ќе продолжиме со нашите напори за што поскоро свикување на првата меѓувладина конференција. Секако, во однос на Северна Македонија, го додадов она што го истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, pacta sunt servanda. Договорите мора да се почитуваат без разлика на Владите. А ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, рече Дендиас.

Говорејќи за регионот, шефот на грчката дипломатија истакна дека го повторил „цврстото противење на Грција за центрифугалните сили кои можеби ќе сакаат да ја прекројат картата на нашиот регион".

„Тука морам да бидам искрен, директно го покренав влијанието на надворешните фактори кои со мантии како развојна помош и наводно историски, културни, религиозни традиции промовираат радикални идеологии и дестабилизирачка агенда на Балканот. Интеграција на Западен Балкан во европското семејство. Според нас овој е единствениот пат пред нив“, рече министерот за надворешни работи на Грција.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе