На средбата со Заев

Дендиас најави дека ќе лобира во европските центри за почеток на преговори со ЕУ

Без разлика кој е на власт во Грција, секоја влада принципиелно се залага за спроведување на заклучоците од Солунскиот самит со кој се поддржува интеграцијата на балканските земји во Европската унија, изјавил грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на средбата со премиерот Зоран Заев. 

Како што соопшти владината прес-служба, Дендиас кажал дека дека по барање на премиерот Мицотакис во следниот период ќе ја интензивира својата лоби агенда во европските центри на моќ, во кои ќе бара начин како Северна Македонија што е можно побрзо да го почне процесот на преговори со Европската Унија. 

На средбата се разговарало за поддршката која Македонија континуирано ја добива од Грција на патот на евроатланските интеграции и за развојот на трговската размена и инвестициите помеѓу двете држави. Притоа било кажано дека Грција е трет најголем инвеститор во Северна Македонија, а претендира во следниот период да дојде на првото место. Преспанскиот договор, според соопштението, е извонредна можност за зајакнување на културните и економските врски помеѓу двете држави.

Заев, исто така се заблагодарил за севкупната поддршка од владата во Атина и се осврнал на потребата на зголемување на економската размена, но и подобрување и отворање на нови инфраструктурни канали кои треба да ја поддржат бизнис заедницата. 

„Кога бизнисот се развива, граѓаните во нашите две држави ќе имаат и подобар животен стандард”, кажал Заев.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе