Ден на Ромите, на свеченоста и шефот на дипломатијата на Индија

Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. На академијата поканет е државниот врв, претставници од локалната власт, а ќе присуствуваат амбасадорот на Индија назначен во Софија и министерот за надворешни работи од Индија, пратеници Роми од Србија и Хрватска.

Како што соопшти организаторот – Демократски сили на Ромите, ќе биде претставен досегашниот постигнат напредок на Ромите во земјава.

Минатата година се навршија 50 години од одржувањето на првиот ромски конгрес, кој поради пандемијата со коивд-19 не се одбележа соодветно.

По повод Меѓународниот ден на Ромите, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат објавени општи препораки донесени од КСЗД, кои се однесуваат на различни облици на дискриминација на Ромите.

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе