Ден Дончев поднесе оставка од местото директор на ФЗО, Владата ја прифати

Ден Дончев поднесе оставка на местото директор на Фондот за здравствено осигурување, а како причина навел семејни и здравствени причини. Оставката ја поднел во Владата, а Владата на денешната редовна седница ја прифатила.

„Да, Дончев достави оставка до Владата, а Владата на денешната седница ја констатираше. Причините за оставката се приватни, семејни“, потврдија од Владата за МКД.мк.

Дончев беше именуван за директор на Фондот во август 2017 година, а додека раководеше со Фондот за здравство, опозицијата го споменуваше како активен учесник во аферата која ја нарече „Рекет 2“, односно за случајот „Диамед“. Според ВМРО-ДПМНЕ и поранешната сопственичка на „Диамед“, Дончев заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обидел да ја попречи продажбата на оваа компанија на странскиот инвеститор „Диаверум“ од Шведска, со што сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе