Демонстрантите се разотидоа, протестот заврши (ФОТО+ВИДЕО)

Протестите што се одржуваат веќе петти ден по ред под мотото „Ултиматум – Не благодарам", завршија. Протестот кој почна пред владината зграда продолжи со марш кон Министерството за надворешни работи каде што демонстрантите овој пат положија рози пред полицијата, кои ја чуваа безбедноста на зградата на МНР.

Фото: Роберт Атанасовски

Цвеќиња беа положени исто така и пред полициските службеници кои стоеја пред законодавниот дом, каде што имаше неколку петарди и димни бомби. МВР соопшти дека се повредени двајца полицајци.

На целата ситуација ѝ претходеше и еден инцидент, за време на марширањето на демонстрантите од Владата до МНР, пред плоштадот „Скендербег" на влезот на Старата скопска чаршија, се случи конфликт помеѓу нив и група луѓе за коишто се тврди дека пукале со огнено оружје, а од друга страна, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, подоцна обвини дека било обид за негово убиство.

Групата луѓе, за коишто се тврди дека пукале со огнено оружје се разотидоа со навремената и брза интервенција на полицијата, додека од Министерството за внатрешни работи, информираа дека лицето кое пукало е приведено во полициска станица.

Освен наведените инциденти, протестот се одвиваше мирно без посериозни нарушувања, и сите демонстранти ја напуштија улицата пред Собранието на државата.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе