ПРОТЕСТ

Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од цела влада, а не само од двајца министри (ФОТО)

Протестите против полициското насилство, против корупцијата и криминалот во државната администрација и за демократизација на институциите продолжија и денеска.

Почнаа пред Владата, каде беа пречекани уште на раскрсницата пред владината зграда од кордон полицајци, продолжија пред општинскиот суд и пак демонстрантите искажувањето на своето незадоволство го завршуваат пред зградата на Собранието.

Она што можеше денеска да се забележи е поголемиот број граѓани на протестот и подобрата организираност на демонстрациите. Пред Собранието зборуваа повеќемина граѓани кои беа едногласни: „Никола не не разбра, оставка бараме од целата Влада, а не само од двајца министри“.

Демонстрантите извикуваа „Не само оставки, туку и одговорност“, „Робија, робија“, „Оставка, оставка“... Се појавија и налепници на македонски и на албански јазик : #Збогум Никола.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе