Протест поради договорот со Грција

Демонстрантите пред Собрание фрлаа шок-бомби и камења, полицијата возврати со солзавец

Шок-бомби и камења фрлаат дел од учесниците на вечерашниот протест кон полицијата поставена пред Собранието на Македонија. Полицијата возврати со солзавец при што растера дел од учесниците во протестот. Протестот се одржува поради незадоволство од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство.

Протестот е организиран преку социјални мрежи. Насобраните граѓани се обидуваат насилно да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во Собранието.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Нивици ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден.

Фото: МИА

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе