„Езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него.
Воедно ја повикуваме и Владата на РС Македонија да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претварање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија.
Независно какви се постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“, истакнуваат од Демократскиот сојуз.