Демократски сојуз: Предлог измените на Изборниот законик се скандалозен и брутален напад врз демократијата

Демократскиот сојуз оценува дека предлог измените на Изборниот законик доставени до Собранието по скратена постапка, се спротивни на демократските стандарди и правила и со нив загрозени се темелните уставни вредности.

„Иако како главна причина за промени на изборните правила се наведуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, со самиот факт дека измените на Изборниот законик се носат два месеца пред одржувањето на локалните избори, флагрантно се кршат токму препораките на ОБСЕ/ОДИХР за забрана за измени на изборните правила шест месеци пред избори“, соопштија од демократски сојуз.

Од партијата потсетуваат дека промената на изборните правила во демократските земји вообичаено е процес кој вклучува широка јавна расправа со учество на експерти, невладини организации и најширок можен консензус на политичките партии. Во случајов четирите најголеми парламентарни партии од власта и од опозицијата, од македонскиот и од албанскиот табор, на средби затворени за јавноста се договориле да скројат измени на изборните правила кои сериозно ја ограничуваат можноста на граѓаните за избор на најдобрите кандидати и оневозможуваат рамноправен политички натпревар и учество на изборите на помалите политички партии, вонпарламентарните партии и граѓанските листи.

„Демократскиот сојуз смета дека предложениот цензус од 3 отсто гласови од запишаните избирачи кои треба да ги освои еден кандидат за да може да биде избран независно од местото на кандидатската листа, е срамна опструкција на идејата за отворени листи.

Доколку се усвои овој предлог, тоа директно ќе го спречи изборот на подобрите и поквалитетни кандидати за советници, што всушност е и смислата на концептот за отворени листи. Ваквиот предлог исто така е насочен да ја зацврсти партиската диктатура кај доминантните политички партии и да ги елиминира кандидатите од помалите политички партии кои настапуваат во коалиција со поголемите“, се додава во партиското соопштение.

Демократскиот сојуз, исто така смета дека е скандалозен и предлогот за определување цензус од 2 отсто собрани потписи од запишаните избирачи како услов за пријавување на независни кандидатски листи, што има за цел да ги елиминира граѓанските листи и да обезбеди чист терен за големите политички партии од власта и опозицијата. Со тоа, велат, се уништува благородната демократска идеја граѓаните директно да учествуваат во кроењето на општинските совети и креирањето политики на локално ниво.

Демократскиот сојуз исто така оценува дека предлогот за поделба на медиумското време во изборната кампања - од вкупно 9 минути платена политичка програма на 1 час емитувана програма на ТВ и радио – предлог измените предвидуваат 4 минути за парламентарните партии од власта, 4 минути за оние од опозицијата и само 1 минута вкупно за сите други помали парламентарни и вонпарламентарни партии, е натамошен жесток удар врз можноста за рамноправно политичко претставување пред граѓаните што, пак, е услов за одржување фер и демократски избори. Особено што, како што додаваат, станува збор за платено политичко рекламирање од буџетот на граѓаните од кој 90 отсто од парите треба да одат за големите партии од власта и опозицијата, а само 10 отсто за сите други.

„Со предлог измените се ограничува и можноста помалите политички партии да трошат и сопствени пари за политичко рекламирање на социјалните мрежи. Од вкупно 8.000 евра колку што предвидува законот за дневно трошење пари на сите партии за рекламни објави на социјалните мрежи, четирите големи партии заедно може да потрошат 7200 евра, а сите други помали партии 800 евра вкупно. Предлог измените забрануваат секакво друго рекламирање надвор од пријавените фан страни на социјалните мрежи, што повторно им оди во прилог само на партиите од т.н. голема четворка“, пишува во соопштението до јавноста.

Поради сето ова, Демократскиот сојуз ги повикува најголемите партии од власта и опозицијата односно пратениците предлагачи веднаш да ги повлечат предлог измените на Изборниот законик од парламентарна процедура, локалните избори да се организираат со стариот закон, а по изборите да се отвори јавна расправа и да се усвојат измени на изборните правила со најширок партиски и граѓански консензус.

„Инаку многу е дискутабилна улогата на министерот за правда кој се шета низ Парламентот во улога на ‘ревизор‘, инаку подготвувач и неформален предлагач на законот“, додаваат од Демократски сојуз.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе