Демократски сојуз на локалните избори ќе настапи самостојно

Централниот совет на Демократскиот сојуз синоќа на онлајн седница расправал за актуелните политички случувања, здравствената криза, пописот и за претстојните локални избори и донел одлука за самостоен настап на изборите.

„Централниот совет донесе одлука за самостоен настап на Демократскиот сојуз на локалните избори или во коалиција со сродни политички партии за што го овласти претседателот да води соодветни преговори. Истовремено, Централниот совет на ДС ја повикува Владата да ги обезбеди сите неопходни услови за фер и демократски изборен натпревар, вклучувајќи го и навременото обезбедување на апарати и софтвер за земање отпечаток од прст (фингерпринт) при гласањето, што е и законска обврска“, соопштија од партијата.

На седницата, Централниот совет бил информиран за состојбите околу пандемијата и одржувањето на пописот и зазел став да ги повика граѓаните во дијаспората и во Македонија да се попишат, а државата да ги обезбеди сите неопходни услови за здравствено безбедно одвивање на пописот.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе