Демократски сојуз: Идеите за прекројување на границите на Балканот се опасна игра

Во контекст на нон-пејперот на словенечкиот премиер, Демократскиот сојуз смета дека идеите за прекројување на границите на Балканот се опасна игра со потенцијал да предизвика силни реакции, тектонски пореметувања и дестабилизација на целиот регион.

„На сите им е јасно дека ревидирање на меѓудржавните граници на мирен начин е невозможна мисија и наместо балканските држави да се поддржат кон европскиот пат, во суштина се заговара "топовска завршница" во замислената балканска партија шах.

Македонија  мора да биде крајно внимателна и активна во одбраната на мирот и евроатлантските перспективи на Балканските држави.  Концептите за некаков конечен распад на Југославија претставуваат промоција на нови поделби на Западен Балкан и вовед во создавањето големи држави, кои во минатото беа платени со стотици илјади човечки животи, огромни разорувања и економски колапс.

Балканските држави имаат историска шанса да бидат дел од големото семејство на европските народи и од нив зависи дали таквата можност ќе ја искористат или ќе ги прифатат налудничавите големодржавни идеи кои значат меѓусебно истребување“, истакнуваат од партијата Демократски сојуз.

 

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе