Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО - РП формираа „Коалиција за промени и правда“

Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО – Работничка партија и ДЕМОС денеска и официјално ја формираа „Коалицијата за промени и правда“ (КПП), а како што велат во интрес на понатамошно заедничко дејствување во услови на исклучително сложена политичка состојба.

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, нагласи дека платформата за дејствување на коалицијата, претставува одговор на граѓанскиот предизвик, да се формира нов, силен политички блок, кој ќе дејствува за да се случат промени и правда во Македонија.

„Наша цврста определба е дека во Македонија мора да се спроведат длабоки реформи, за да се создадат услови за фер,демократски и кредибилни избори. Не е можно креаторите на кризата, сега самите тие,да се наметнуваат како спасители на државата. Тие што ги кршеа изборните правила, ги прислушуваа граѓаните и ја ограбија Македонија, а Ѓорге Иванов, ги аболираше, нити сакам јас, ниту било кој треба со нив да разговара и преговара за слобода, демократија или владеење на правото. Уште помалку тие треба да бидат некаков фактор кој треба ЕУ и САД да го респектираат“, рече Трајанов.

Според него, нема креативни и државнички решенија без да се вклучи во овие процеси граѓанскиот сектор, експертите и медиумите. Нагласи дека КПП се залага за промени, промени кои никогаш повеќе нема да дозволат да се случи една партија, еден човек, една власт.

„Аболираните владеат со државата и го блокираат системот се со цел да не понесат одговорност. Но на се има крај. Народот е на улица и бара правда и мир. Без да се ефектуираат овие две работи, протестите ќе продолжат. Тие ќе траат се додека законите не важат подеднакво за сите, се додека аболираните не ги вратат украдените пари и не ја добијат заслужената казна. Во едни вакви состојби, наместо да бара одговорност, Ѓорге Иванов, аболираше 56 носители на високи државни и политички функции, како и нивни соработници, за кои има сомненија за инволвираност во кршење на изборните правила, незаконито прислушкување, како и во организиран криминал“, рече Трајанов.

Во овој драматичен период, вели тој, треба повеќе разум, чувство на одговорност и сите заедно да дејствуваме, тоа е наша обврска за татковината и за идните генерации. Вели дека сакаат стабилна држава, економски развој и младите да останат овде во Македонија.

Изборите ќе се одложат, но ако не се формира експертска Влада, од врвни професионалци и без партиски багаж, тогаш агонијата ќе продолжи. Сме за формирање на експертска Влада, повлекување на аболицијата и создавање услови за политичка и кривична одговорност за сите што го ’заслужуваат тоа’“, рече Трајанов.

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, зборувајќи за делувањето и името на новата коалиција, нагласи дека некој можеби ќе праша зошто „промени и правда“.

„Одговорот е мошне едноставен: Прво: За да им го покажеме патот и местото на мрачните политички сили и да се спасиме од неизбежната катастрофа што ни се заканува сите нас да не уништи. Второ – затоа што на РМ и се потребни одговорни политичари кои се спремни конечно да создадат демократски косолидирана и просперитетна РМ како современо демократско, инклузивно, иновативно и рефлексивно општество. Општество, каде државата ке биде одвоена од партијата, Трето: Затоа што целта ни е слободна и праведна РМ ослободена од криминалните структури, партиски профитери и лицемери и Четвро: промени се потребни затоа што неможеме да дозволиме и понатаму да имаме држава каде таткото на нацијата е соучесник во злосторничко здружување“, рече Кекеновски.

На прашањето зошто „правда“, вели дека затоа што за сета сторена злокоб над граѓаните на оваа напатена држава мора да се сноси одговорност.

Само преку правда ќе ја спасиме нацијата од невидениот нанесен срам, поради досегашниот непримерениот начин на владеење и изборниот криминал.  Правда затоа што не смееме да дозволиме и понатаму граѓаните да бидат вовлекувани во измами од гигантски димензии преку медиумски вешто граден неморал и цинизам. Затоа што правдата треба да ја санкционира самобендисаната и популистичка реторика која служеше како параван за реализација на личните и лукративни цели. Правдата е потребна за да го казниме сторениот правен и политички нео-варваризам кон граѓаните и државата“, рече Кекеновски.

Емил Анастасов, претседател на ДЕМОС, посочи дека во Македонија, со ваков политички систем каде не постои никаква одговорност на политичките субјекти, вели „и ангели од небото да донесеме ... и тие ќе се корумпираат и помалку или повеќе исто ќе се однесуваат“.

„Затоа, на Македонија и се потребни коренити промени на политичкиот систем. Со тие промени ќе се оневозможи апсолутното владеење на една партија и создавање на монструозна партиска држава која ги голта и под своја апсолутна контрола ги става сите институции“, рече Анастасов.

Тој зборувајше за двете основни цели на КПП. Потенцираше дека првата е во иднина политичарите да се натераат да мислат на општиот интерес, а не само на својот приватен интерес, како што тоа било досега, а  втората цел е во блиска иднина политиката да престане да ја заробува јавноста и со тоа да дојдеме до стадиум каде политичарите кротко и професионално ќе си ја вршат работата, а на народот не ќе му биде важно ни кој е премиер ни кој е претседател на државата.

„Кога овие две цели ќе ги постигнеме, дури тогаш ќе можеме да зборуваме дека има демократија во Македонија“,  рече Анастасов.

Претседателот на МОРО-РП, Горан Зафировски, во својот говор нагласи дека „Работничката партија ќе настојува да биде никулец од кој на човекот, преку економската сигурност, ќе му биде вратена човечност, како и неговиот опстанок во семството и општествената и државната заедница. Ќе бидеме зародиш со кој ќе и се стави крај на лажната девиза која политиката ј изедначува со „вавилонска блудница“ и ќе ја врати во нејзините научни рамки за да обезбеди економски просперитет во државата.“

Приотитетите на чија имплементација ќе работи Коалицијата за промени и правда ги презентираше Весна Стоименовска од ДС, при што нагласи дека„Политичка и кривичноправна одговорност за сите кои ја вовлекоа Македонија во длабока криза, ја ограбија и предизвикаа иселување на креативните и стручни кадри“:

„Ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата преку создавање законски услови за конфискација на криминално стекнатиот имот од функционерите и забрана за нивно политичко дејствување од најмалку 10 години. Имотот и парите кои се стекнати на коруптивен начин или се плод на организиран криминал ќе бидат одземени и ќе бидат вратени и поделени на граѓаните на Македонија рамноправно.

Минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра, како и голем број на други социјални мерки ( социјална помош од 6.000 денари, формирање на Фонд за млади, формирање на станбен фонд за решавање на проблемот со домување, посебно на младите брачни парови и сл.).

Независно судство преку реформа на судскиот систем и негово ослободување од притисоците на дневната политика. Реизбор на сите судии (вклучително и на судиите на Уставниот суд) и на обвинителите. Расчистување со аферата ’Пуч’, односно неовластеното прислушување преку јакнење на самостојноста на институциите и целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство.

Коренити реформи и промени во сите области како еден од главните предуслови за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и исполнување на стандардите за влез во ЕУ и НАТО“, рече Стоименовска.

Инаку, беше речено дека оваа „Коалиција за промени и правда“ е отворена за други партии, граѓанскиот сектор, како и за експерти и сите граѓани кои се за правда, стабилност и мир.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе