По состанокот кај Заев

Демократски сојуз е против договореното меѓу Заев и Гаши за меѓународна истрага за Диво Насеље, Монструм...

Сега правиме анализа на програмските определби и ставови на Алтернатива и на кадровските решенија. Има и спорни точки од договорот меѓу Зоран Заев и Африм Гаши, особено оној дел што се однесува на некаква си меѓународна експертиза за тешки судски случаи. Тоа не може да биде предмет на политички договор, изјави претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов кој вечерва гостиваше на ТВ Сител.

Вечерва се одржа и состанокот на коалициските партнери на СДСМ за постигнатиот договор со новиот владин коалициски партнер Алтернатива.

„На пример случајот Диво Насеље е калсичен терористички акт во кој осумина припадници на полицијата го загубија животот, случај кога беше загрозен територијалниот интегритет на нашата држава и за тоа не може да се бара помош од странство. И случајот Монструм имавме повторено судење, два пати се судеше, Врховниот суд го прифати тоа барање, но и по втората постапка се дојде до истиот резултат дека веќе осудените лица се учесници во убиството. Ова не може да биде предмет на политички договор, на коалициски договор. Со политички договор се бара некаква амнестија за тешки злосторства и за тоа не може да има некаков компромис“, изјави Трајанов.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе