По акцијата на српските безбедносни служби

Демировски давал мито за доверлива документација за производство на муниција во Сувенир и Катар (ВИДЕО)

Српските медиуми вчера објавија и снимка од приведувањето на македонскиот државјанин Шефкет Демировски, кого српската Бебедносно информативна агенција (БИА) го обвини за крадење на доверлива документација од српската фабрика за наменско производство „Први Партизан" во Ужице.

Шефќет Демировски е сопственик на фабрика за наменско производство во Визбегово АТС груп, во Босна и Херцеговина и косопственик на таква фабрика и во Катар.

Македонскиот државјанин е обвинет за поткуп од најмалку 30.000 евра за добивање на воено-техничка документација за машина за производство на муниција и оружје. Документацијата била добиена со помош на тројца вработени во „Први партизан“ и еден пензиониран инженер од истата фабрика.

Шефкет Демировски

Во хотелот во Белград, каде што Демировски и Боривоје Глишовиќ, пензионираниот инженер договориле средба, требало да се изврши примопредавањето на доверливата докуметација за машините за прозиводство на муниција калибар 12,7 млиметри.

Глишовиќ за ова од Демировски веќе добил аванс од 30.000 евра, а преостанатиот дел бил договорен по предавањето на целоссната документација, информираат д БИА.

Демировски оваа документација сакал да ја искористи за погоните во некогашната фабрика Сувенир во Македонски Брод и во фабриката во Катар.

По претресите на осомничените во Белград, Ужице и Пожега пронајдени се пари и доверлива документација за производство на муниција.

Фабриката на Демировски во Визбегово беше отворена во јули годинава и претставена како голем успех за македонската економија и придобивка од идното членство на Македонија во НАТО. На отворањето присуствуваа премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, министрите Садула Дураки, Радмила Шекеринска, Крешник Бектеши...

Демировски донираше и опрема во вкупна вредност од 50.000 евра за Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, и Казнено – поправната установа – Скопје.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе