Скопје-Софија

Демарш на Захариева до македонското МНР поради запалено бугарско знаме во Вевчани

Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор во Скопје упатил остар вербален протест поради инцидентот во Вевчани, објави на својот фејсбук-профил Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.

Амбасадорот Ангелов реагирал по информациите дека за време на карневалот во Вевчани било запалено бугарско знаме.
„По повод медиумските објави за запалено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов до Владата на РСМ да изрази силно незадоволство по овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ", напиша Захариева.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе