По повод 19 годишнината од настанот кај Љуботенски бачила

Делегација од Кабинетот на претседателот им оддаде почит на загинатите армиски резервисти

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, Скопско, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во Општина Ѓорче Петров, во село Љубанци, и во касарната „Илинден" во Скопје, соопштија од Кабинетот.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе