Обраќање до новиот мандатар

Делчев од Ковачевски бара да ги прифати барањата на Независниот синдикат на полицијата

Независниот синдикат на полицијата бара од новиот премиер во наредниот период да ги сублимира сите нивни барања и да ги инкорпорира во програмата на Владата. Во спротивно, како што изјави Гоце Делчев од овој Синдикат, ќе се случи само продлабочување на проблемите со кои се соочувале полициските службеници во рамки на МВР.

„Независниот синдикат на полицијата на идниот премиер му порачува многу внимателно да ги разгледа сите пресови, сите барања, писмени, усмени, телефонски и медиумски кои биле доставени од страна на Независниот синдикат на полицијата, да ги вгради во неговата работа за да може што поскоро да дојдеме до прагот на линијата со која може да кажеме дека, ете, се доближуваме кон функционирањето на државата и кон стандардите на ЕУ“, изјави Гоце Делчев од Независниот синдикат на полицијата.

Во спротивно, според него, ќе се случи само продлабочување на проблемите со кои, како што рече, полициските службеници во рамки на МВР, се соочувале и се соочуваат.

Делчев најави дека од Независниот синдикат на полицијата ќе продолжат да доставуваат одредени писмени барања и до Уставниот суд за преиспитување на многу прашања што во моментов функционираат во МВР.

Гоце Делчев наведе дека не смее да се случи промена на колективниот договор во рамки на МВР, како што тоа било направено во декември 2021 година, без никакви претходно консултации, договори и комуникации со други вработени и со останати синдикати во рамки на МВР.

Според него, во тој колективен договор под синдикат се подразбира Македонски полициски синдикат, затоа што, изјави Делчев, во рамки на Централниот регистар и во МТСПП не е регистриран само Македонскиот полициски синдикат, и не е само тој репрезентативен синдикат. Тврди дека Независниот синдикат од 2018 година е репрезентативен синдикат.

„Не може да се случи некој што не е вработен во полицијата, како што тоа во моментов во Центарот за обука имаме кандидати за полициски службеници, 600 да бидат зачленети во друг синдикат и кога ќе почнат со работа после година дена да им се активираат пристапниците и тие да бидат членови на тој синдикат, рече Делчев.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе