Дел од вратените граѓани од Малта сместени во државен карантин во Битола

Два автобуса со македонски граѓани кои беа вратени од Малта со попладневниот лет што го организираше Министерството за надворешни работи, пристигнале во Битола. Телевизија Тера, повикувајќи се на информации од надлежните поргани, јави дека се работи за 45 лица, кои ќе бидат сместени во хотел во центарот на градот, во задолжителна 15-дневна изолација.

Од Општина Битола со соопштение информираа дека „пристигнатите лица, наши сограѓани, се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори“.

„Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин, бидејќи се под 24-часовен надзор, што не остава можност за непочитување на изолацијата како што се случуваше во изминатите денови во одредени ситуации во државата, вклучително и со еден случај во нашиот град. Никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани. Значи, пристигнатите лица се сместуваат во контролирана изолација.

Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние кои можеби се и недолжни, затоа што сакаат да се вратат дома. Најголем дел од нив се наши деца.

Нека ги поминат во мир  14-те изолативни денови, а не уште повеќе да им ја отежнуваме состојбата. Мора да преовладува разумот, состојбата на човечност, колективност каков што секогаш сме го имале“, пишува во соопштението од Општина Битола.

МНР информираше дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, вечерва организираше враќање во земјата на 169 македонски граѓани од Загреб.

Претходно, во попладневните часови беше организиран лет за 118 македонски граѓани од Валета, Малта.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Визер, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата.

Фото:Социјални мрежи

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе