Истражување на СКУП (SCOOP)

Дел министри со намален, дел со зголемен имот од лани

Дел министри од септември 2018 година досега пријавиле намален имот, а дел додале ставки во имотот, покажува истражувањето на СКУП.

Според анализата на СКУП во рамките на проектот Политички експонирани личности, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го зголемила својот имот за шест пати во рок од една година. На нејзиниот пријавен имотен лист од септември 2018 година, вреден 212.990 евра, се додадени ставки вредни 1.378.607 евра, со што нејзината моментална имотна состојба изнесува 1.591.597 евра.

Од министерството објаснуваат дека станува збор за надополнување на анкетниот лист со имот на родител, со кој Царовска не живее заедно. „Освен земјиштето во Јастребник, коешто е новостекнато, сите други ставки во анкетниот лист се надополнување. Надополнувањето е направено за поголема транспарентност, иако по закон не треба да се пријави бидејќи станува збор за имот на родител со кој министерката не живее во исто домаќинство“...

Две ставки додала и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска. На својата имотна листа таа го дополнила моторното возило „BRBCAN AM Outlander MAX XT-P1000 T 3 B ABS“ вредно 15 илјади евра, во сопственост на нејзиниот сопруг. Таа подигнала и кредит во висина од 25 илјади евра, чиј што рок за враќање е 2024 година.

„Се работи за ново моторно возило, уредно пријавено како нов стекнат имот на брачен другар, во вредност од 927.000 денари, за чија исплата, како што е наведено во образецот на ДКСК за пријавување промени на имотната состојба, е подигнат потрошувачки кредит со рок на подмирување до 2024 година“, велат од кабинетот на министерката Шекеринска, објавува Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе