Декларација за превенција на ХИВ потпишаа 16 политички партии

Во предизборниот период, вкупно шеснаесет политички партии се обврзаа дека по изборите ќе се заложат за преземање акции за обезбедување континуитет на програмите за превенција на ХИВ со цел да ѝ се стави крај на епидемијата на ХИВ и до 2030 година да се постигнат нула нови инфекции во земјата.

Партиите ја потпишаа Декларацијата насловена „Законот за здравствена заштита да ги препознае граѓанските организации како даватели на услуги од здравствената заштита од посебно значење за јавното здравје“, која беше предложена од Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ, составена од 14 граѓански организации кои што подолго од една деценија спроведуваат програми за превенција и тестирање за ХИВ во повеќе од 12 градови низ државата.
Политичките партии се обврзаа дека по парламентарните избори на 15 јули 2020 година, преку пратениците во новиот парламентарен состав, односно преку своите претставници во извршната власт, ќе иницираат и поддржат препознавање на граѓанските организации како даватели на услуги од здравствената заштита од посебно значење за јавното здравје за ранливи групи на население, во рамките на постојниот или во нов Закон за здравствена заштита, и обезбедување долгорочна одржливост на досегашното национално финансирање на програмите и активностите за превенција, тестирање и поддршка во врска со ХИВ за групите под особен ризик, кои ги спроведуваат граѓанските организации.

Декларација ја поддржаа Алијансата за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – Народна партија, Движењето Беса, Демократска обнова на Македонија, Достоинство – ППД, Либерално-демократската партија, Нова алтернатива, Новата социјалдемократска партија, Обединетата партија за еднаквост на Ромите, Обединети за Македонија, Партијата за движење на Турците во Македонија, Партијата за демократски просперитет на Ромите, Партијата за целосна еманципација на Ромите, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Твоја партија.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе