Реакција

Дејан Георгиевски иако е поканет нема да оди во Крушево, не сака да е дел од политички случувања

Во оваа прилика сакаме јавно да соопштме дека Дејан Георгиевски и неговиот тим нема да присуствуват на државната илинденска церемонија по поканата од претседателот на Р. Македонија, благодарни сме за поканата, но сметаме дека Дејан Георгиевски треба да е надвор од сите политички или какви било други слични случувања поврзани со политика. Дејан Георгиевски исклучиво припаѓа на сите луѓе во Македонија, се вели во писмото на клубот и тренерите на Дејан Георгиевски, добитникот на сребрена медаља на Олимписките игри во Токио.

„Вистина е дека нѐ контактираа од кабинетот на претседстелот на Р. Македонија, добивме покана за Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат предводници на овогодинешната државна церемонија на големиот национален празник Илинден кој ќе се чествува на 2 Август по повод Илинденското востание во Крушево. Исто така Илинден е и голем верски празник.

Чест е да се празнува Илинден на каков било начин, тој празник ја обликува македонската револуционерна борба.

Во оваа прилика сакаме јавно да соопштме дека Дејан Георгиевски и неговиот тим нема да присуствуват на државната илинденска церемонија согласно оваа покана од страна на претседателот на Р. Македонија, благодарни сме за поканата но сметаме дека Дејан Георгиевски треба да е надвор од сите политички или какви било други слични случувања поврзани со политика. Дејан Георгиевски исклучиво припаѓа на сите луѓе во Македонија.

Според тоа што ни е и најавено, очекуваме Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат повикани на прием во вилата на претседателот на Македонија Стево Пендаровски. На приемот тој и неговиот тим да бидат соодветно одликувани за овој најголем спортски успех во независна Македонија.

Успехот на Дејан Георгиевски секако е натпартиски, над какви било верски или други разлики, овој историски успех безвременски ќе ги радува и ќе ги прави горди сите луѓе во државата, тој припаѓа исклучиво на Македонија и народот што живее во неа. За многу години Илинден, да ни е вечна Македонија“, се вели во одговорот на поканата на д-р Борче Костовски, претседстел на МТФ и тренер и Дарко Костовски, спортски директор на Таеквондо клуб Бутел и тренер.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе