Пред Собранието на Македонија

„Дефиле на македонскиот општествен мозаик“ по повод независноста на државата

Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста на Македонија денеска започна на просторот пред Собранието во 17.15 минути. Поставена е бина, посебни места за официјалните лица, претставниците на државниот врв, партиите, општествените и верски организации, како и за дипломатскиот кор.

Програмата започна со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови" од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на овој значаен  јубилеј. Симфонијата е во изведба на Филхармонијата под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Веднаш потоа, како што информира Владата, ќе започне делот свечено дефиле пред Собранието кое ја отсликува нашата држава, нашата мултикултурна традиција и нашата европска определба, институциите на државата и граѓанскиот сектор, оружените сили, здравството, пожарникарите, земјоделието, индустријата, спортот и културата, како приказ на нашето општество денес, еднакво за сите граѓани.

Церемонијалниот дел на програмата за одбележување на 30-годишнината од независноста (во 18.30 часот) ќе започне со изведба на уметнички акт на Филхармонијата сочинет од изведба на Бетовеновата „Ода на радоста" со вокалните солисти од Националната опера и балет Ирена Кавкалевска - мецо сопран, Катерина Стојановска - сопран, Ѓорѓи Цуцковски - тенор и Кристијан Антовски – бас, со вклучена кореографија на учениците од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј".

Овој дел од програмата ќе се затвори со изведбата на антологиската „Абер дојде Донке" во изведба на Влатко Стефановски.

Програмата по повод 30 години од независноста потоа продолжува со обраќањата на претседателот на Македонија Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери (видео обраќање) и со обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев.

Веднаш потоа ќе започне музичката програма (19.30 часот) со изведба на музички сплет од познати нумери специјално аранжиран за оваа пригода, отпеан на јазиците на седум етнички заедници, во изведба на Вера Милошевска - Јосифовска, Јехона Шакири, Елеонора Мустафовска и Минела Богдановиќ, во продукција на Димитар Димовски.

Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина" на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Во завршниот дел на музичката програма е предвидена изведба на антологиски забавни песни што ќе ги исполнат Мики Јовановски Џафер, Никола Перевски Пере, Тамара Тодевска, Дешира Ахмети, Џон Илија Апелгрен, Ристо Вртев, Светлана Јовановска, во придружба на Филхармонијата како и инструменталната изведбата на албанската народна песна „Бареша".

Предвиден е и свечен огномет.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе