КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА

Дебатниот лавиринт во Собранието продолжува и денеска, последниот од „трите клучни дена“

Наредните три дена се клучни во одбраната да не се избере тирански претседател на Собранието и да не се прифати албанската платформа, најавија во неделата од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија. Поминаа два дена, во Собранието продолжува агонијата со продолжувањата на конститутивната седница без некаков извесен крај на седницата. Дванаесетотто продолжение е закажано за денеска во 11 часот.

Вчера Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, организатор на протестите во Скопје и во повеќе градови во Македонија, рече дека имало обид „тиранската коалиција“ да го прекрши деловникот на Собранието, меѓутоа се поколебаа.

„Нема да пројде обидот на шверцерски начин да се протне тиранската платформа во нашиот политички систем. Срамота е нешто што е креирано во друга држава да ни се наметнува како политика. Срамно е и без да навлегуваме во суштината на документот, но доколку навлеземе има уште повеќе причини да бидеме загрижени“, рече Илиевски и повика на продолжување на протестите сѐ до целосно отфрлање на платформата.

И вчерашниот ден од собраниската конститутивна седница помина како и претходните - со реплики, контрареплики, дофрлања, процедурални забелешки... Пратениците на СДСМ бараат да се премине на четвртата точка од дневниот ред, избор на претседател на Собранието и да се скокне точката од дневниот ред за формирање на Комисијата за избори и именувања на која пратениците се заглавени со денови. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и претседавачот со седницата Трајко Вељаноски се против овој предлог. Од Алијансата за Албанците сметаат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја почитуваат волјата на новото мнозинство.

„Во овој парламент се случува класично непочитување на волјата на мнозинството од страна на малцинството. Преку мисионери пристигнале и големи понуди само да се биде дел од имагинарно мнозинство. Но ќе ви кажам јасно и гласно, ниту Зијадин Села, ниту кој било лидер на албанските политички партии нема мандат за непринципиелни договори, никој нема мандат да прави договор кој го загрозува, меѓу другото, Специјалното јавно обвинителство“, изјави Сурија Рушити, Алијанса за Албанците

СДСМ веќе неколку пати соопшти дека како парламентарно мнозинство планира конкретни чекори за деблокирање. За каков план станува збор, нема официјални информации.

Седницата продолжува денеска во 11 часот.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе