Дебатата за уставните измени се префрла во Парламентот

По денешното продолжение на комисиската расправа за владиниот предлог за уставни измени, дебатата се префрла на пленарна седница на парламентот.

Пратениците во понеделник ќе треба да се произнесат дали се за одлука за пристапување кон измена на Уставот, што е првата фаза од процесот и за што е потребно двотретинско мнозинство. Владејачкото мнозинство денеска повторно ги повика колегите од опозицијата да го поддржат процесот.

„Лично ви кажувам не ни сакам да поверувам дека во овој историски момент пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземат одговорност и ќе го спречат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ако се случи да не помине гласањето, нема друга опција, преостануваат единствено избори за кои сум убеден дека ќе ги добиеме без проблем“, рече потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

Денеска имаше координација меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски за кои од партијата тврдат дека биле редовни. „Нашите претставници во парламентот се под притисок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено нашите пратеници се изложени на притисок и закани од страна владата, СДСМ и Зоран Заев, преку разни прогони, апели и закани“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

 

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе