Дебата во МАНУ по повод 100 години од раѓањето на Крсте Црвенковски

Расправа „Афирмација на македонската држава во југословенската федерација – по повод 100 години од раѓањето на Крсте Црвенковски“ ќе се одржи денеска во МАНУ, во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ и Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Поздравни обраќања, како што е најавено ќе имаат академик Владо Камбовски и академик Драги Ѓоргиев.

За Крсте Црвенковски и неговите активности во борбата за македонскиот идентитет, јазик и култура во односите на СФРЈ со Грција и Бугарија, ќе зборуваат проф. д-р Далибор Јовановски, Филозофски факултет при УКИМ и проф. д-р Људмил Спасов, Филолошки факултет при УКИМ.

Во првиот дел повеќе професори од Институт за национална историја при УКИМ ќе зборуваат за дејствувањето на Крсте Црвенковски во ослободен Дебар во 1943 година, за учеството на Крсте Црвенковски во нападот на Прилеп на 11 октомври 1941 година, за местото на Крсте Црвенковски во македонската историографија…

Во вториот дел акадимик Таки Фити ќе зборува за либерализмост и југословенските стопански реформи од средината на 1960-тите години, додека професорот Светомир Шкариќ ќе зборува за суверенитетот како вредност во Македонија и поранешна Југославија, професорката Ана Чупеска за мултикултурниот континуитет од АСНОМ до Преспа, а професорот Ненад Марковиќ за либералниот капацитет на современата македонска држава.

 

Говор на Крсте Црвенковски за македонско - бугарските односи во Собранието на СР Македонија, 1968 година

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе