Локални избори

Дебакл на ВМРО-ДПМНЕ, сите ја чекаат оставката на Никола Груевски

На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ доживеа голем пораз. На последните парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ гласаа 456.000, а во неделата, на локалните избори, само 10 месеци по парламентарните, за оваа партија гласаа 335.000 гласови или за околу 120.000 помалку.

На последните парламенарни избори (декември 2016) СДСМ освои 430.000 гласа.  

Разликата во вкупниот број гласови за советничките листи според нецелосните резултати на ДИК е следна: СДСМ и коалицијата освоиле 415.726, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 335.054, ДУИ 89.617, Алијансата за Албанците 48.767, Беса 46.464...

Кај ВМРО-ДПМНЕ очигледно е дека има најголема промена во бројот на гласачи. За СДСМ на локалните избори помалку гласале само 15 илјади гласачи во однос на изборите лани во декември, кај ВМРО-ДПМНЕ разликата е од околу 120 илјади гласачи.

Одзивот на локалните избори е помал за околу 300 илјади гласачи вкупно во однос на парламентарните избори во декември 2016.

СДСМ во првиот круг од локалните избори освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ три, ДУИ две, група избирачи две и Демократската партија на Турците едно.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во вториот круг во 19 општини, ДУИ и Алијансата за Албанците ќе се натпреваруваат во пет, ДУИ и Беса во седум, во една општина кандидат на група избирачи и на ВМРО-ДПМНЕ, во една ДУИ и СДСМ, во една СДСМ и Сојузот на Роми и во една ДПА и Беса.

Вториот круг ќе се одржи на 29 октомври.

Никола Груевски доцна вечерта по првиот круг од локалните избори  изјави дека тој како лидер на партијата ја презема одговорноста за ваквите лоши изборни резултати и политики на ВМРО-ДПМНЕ, но за тоа ќе се разговара по завршувањето на анализата на локалните избори.

По ваквиот дебакл на позицијата на оваа политичка партија на политичката сцена во Македонија, веќе се прогнозира сериозно ослабување на ВМРО-ДПМНЕ, појава на нови помали партии, намалување на членството, повлекување на личности од раководството...

Но, она што и најмногу се очекува е оставка на првиот човек на партијата кој на овие избори излезе со најава за новата ера за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ.

Она што е нормално да се очекува по ваквиот изборен пораз, а се очекуваше тоа да се случи по објавување на прислушуваните разговори кога највисокото партиско раководство беше осомничено за сериозен криминал и корупција, е повлекување на Никола Груевски од политичката сцена и сериозна реформа на партијата.

Груевски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе