Француската државна секретарка

Де Моншалан: Не бранам вето, ама процесот на преговори треба се реформира

Денеска не сум тука со позиција да бранам вето. Ќе разговараме за две димензии – отварање на преговори од страна на една подготвена Европа и реформа на процесот на преговорање, изјави француската државна секретар во европски прашања Амели де Моншалан пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург на кој треба да се расправа и за старт на пристапните преговорите со Северна Македонија и Албанија.

„Тоа е долг и фрустрирачки процес за земјата која преговара и не создава доверба. Затоа ова е одлична шанса да разговараме како Европа може да ја реформира целокупната постапка за преговарање и пристапување. Станува збор за самиот процес кој мора да биде ефикасен и самите преговори да имаат структура. Франција смета дека Европа треба се реформира. Сите земји од Балканот имаат европска перспектива и тука нема дилема, но треба да изнајдеме кредибилни начини со цел да се создаде доверба и во регионот и во Европа. Граѓаните се тие кои не се задоволни“, вели Моншалан.

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе