Од заедничката прес-конференција на македонскиот премиер и германскиот канцелар

Датумот зависи од членките на ЕУ, а Софија треба и да сака решение, порача Ковачевски

„Не можеме постојано да бидеме заложници на самитите на ЕУ за тоа дали ќе има или не датум. и како во минатото да се подгреваат очекувањата. Тоа исклучиво зависи дали 27-те членки ќе се усогласат и ќе донесат одлука за отпочнување на првата меѓувладина конференција, а во моментов зависи од само една земја-членка на ЕУ којашто држи две земји-членки, две кандидатки – Северна Македонија и Албанија на патот за интеграција во Унијата", одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во однос на политичките турбуленции во Бугарија, откако партијата „Има таков народ" најави напуштање на Владата во Софија, Ковачевски истакна дека на ниту еден начин не може да се учествува во нивните коментирања или толкувања, со оглед на тоа што, како што рече, ние сме држава што води активни разговори со Бугарија.

„Тие разговори се водат на принципиелна основа на база на европски вредности. Во текот на преговорите со целиот свој капацитет учествуваат МНР, СЕП и тоа врз основа на одредбите од Резолуцијата што ја имаме донесено во нашето Собрание. Во однос на самите преговори јас веќе истакнав до сега дека кога се работи за преговори тогаш еден од предусловите преговорите да бидат успешни се страните што преговараат да бидат доверливи во процесот, односно да сакаат да се дојде до решение. Ние сме страната која што сака да се дојде до решение, ги кажав принципите врз основа на кои. Исто така и Бугарија треба да биде подготвена тоа да го направи“, рече Ковачевски.

Меѓутоа, додаде Ковачевски, постои една голема разлика помеѓу нас и Бугарија и ова прашање за нас, рече тој, беше прашање на преговори заради отпочнување на преговори со ЕУ.

„Ние во ниту еден момент како Влада и како владејачко коалиција прашање не го инструментализиравме и не го политизиравме заради дневни политички поени или водење на внатрешна политика во државата. Сосема спротивно на тоа во Бугарија ова прашање беше издигнато на ниво на внатрешна политика во нивната држава. Често пати беше еднострано инструментализирано и политизирано што не е добро. И затоа од тој аспект не би сакал да ги коментирам претпоставките што се појавуваа во медиумите за одредени барања на бугарската страна со оглед на тоа дека сите барања, сите отворени прашања се предмет на разговори помеѓу МНР“, нагласи Ковачевски.

Премиерот повтори дека откако МНР ќе дојде до документ што е заемно прифатлив за двете страни тогаш ќе може да бидат споделени тие документи со институциите во двете држави и оти во овој момент таков заемно прифатлив документ не постои.

Ковачевски, на прес-конференцијата со Шолц уште еднаш се заблагодари на поддршката од Германија за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата рече дека и лично ќе се заложи Македонија да добие датум за преговори, оценувајќи дека ЕУ треба да го исполни ветувањето дадено кон земјите од Западен Балкан.

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе