До крајот на неделава комплетирање на техничкиот дел

Даштевски: Пристигнаа над илјада уреди - фингерпринт за локалните избори

До крајот на неделата треба да пристигнат договорените 4000 терминали за отпечатоци од прсти што првпат ќе се користат на Локалните избори 2021 година на 17 октомври. Државната изборна комисија денеска прими уште повеќе од илјада од овие терминали, а веќе е започнато и полнењето со податоци од граѓаните на веќе пристигнатите, изјави денеска претседателот на ДИК Александар Даштевски, кој присуствуваше на примопредавањето.

„Со денешнава пратка ќе имаме над половина од потребните уреди, а до крајот на неделата ќе пристигнат сите уреди, во уште две пратки. Во моментот во ДИК трае полнењето на смарт - картичките кое треба да заврши денеска и попладне треба да почне полнењето на апаратите бидејќи имаме доволно време. Полнењето ќе заврши некаде до 11 октомври“, рече Даштевски.

Едукацијата на избирачките одбори, како што кажа, се одвива добро, но ќе има уште еден циклус обуки за употребата на терминалите за што е подготвено упатство за работа со нив и изготвено видео.

„Ќе се поделат упатствата и стикови со видеото за тие во секое време да можат да го видат. Планираме само за електронскиот дел да се направи уште по една обука имајќи предвид дека за првпат во употреба ќе имаме такви уреди“ рече Даштевски.

На денот на изборите, ДИК бара да има околу 200 ИТ инжинери кои ќе им помагаат на луѓето што управуваат со опремата и компанијата која ги испорачува апаратите има исто така ангажирано 80 луѓе, кои исто така ќе им помагаат на ИТ тимот во ДИК и на избирачките одбори.

Заклучениот Избирачки список е веќе даден на печатење, а се печатат и гласачките ливчиња. Даштевски најави дека членови на ДИК најверојатно утре ќе одат да проверат како се одвива нивното печатење.

„Ќе ги провериме специмените на гласачките ливчиња, на првите примероци. Но, сметам дека сега засега е се во ред и дека веќе 90 отсто од ливчињата се испечатени. Останува до крајот на неделата да се допечати Избирачкиот список. Кога ќе се испечати ќе го потпишеме“, најави Даштевски.

Избирачкиот список треба да биде потпишан најдоцна до 1 октомври.

Претседателот на ДИК смета дека Локалните избори ќе бидат добро гарантирани, но не може да гарантира како ќе се одвива техничкиот дел со примена на терминалите за идентификација бидејќи тоа се случува првпат и немало пилот примена.

На Локалните избори на 17 октомври ќе се применуваат истите мерки за превенција од ковид -19 како на претходните избори. Гласањето ќе почне во 7 часот, а ќе заврши во 19:00.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе