Локални избори

Даштевски по реакцијата на ЗНМ: Се извинувам ако некому сум му погрешил, изборниот процес и за мене е стрес

Директорот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски пред почетокот на прес-конференција се извини, како што кажа ако некому погрешил, бидејќи денот на локалните избори бил стресен и за него. ЗНМ претходно реагираше и му порача на Даштевски дека имал непрофесионален и омаловажувачки однос кон дел од новинарите во делот кога се обидуваше да одговара на новинарските прашања, реагира Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Се извинувам ако некому сум погрешил, но денот на изборите и за мене е стресен", рече Даштевски пред почетокот на вечерашната прес-конференција.

На прашање од новинарка во врска со најавата за продолжување на рокот за гласање после 19 часот, како и за најавата за продолжување на медиумскиот молк, тој, наместо да одговори конкретно имаше вербална расправа со колешката. Имено Даштевски пропушти да даде конкретен одговор и истовремено се интересираше колешката од која телевизија е по што ѝ се обрати со зборовите: „Треба да се информирате добро пред да поставите некое прашање", како и тоа дека новинарката треба да го чита законот пред да прашува.

„Го потсетуваме ретседателот Даштевски дека според Изборниот законик, член 31, ДИК има обврска да ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право. Од друга страна, новинарот има право да изрази мислење и да постави прашање без разлика од кој медиум доаѓа и дали истото прашање му се допаѓа на претседателот на ДИК или не.

Оттука, потсетуваме дека новинарите и медиумите играат клучна улога во процесот на изборите, не само да направат увид на работата на надлежните институции, туку и да им овозможат на граѓаните да ги имаат сите потребни информации. За да биде задоволено правото за информирање, посебно на денот на изборите, нужно е ДИК и сите останати институции да се отворени кон новинарите преку навремено и целосно давање на информации на неселективен начин", се наведува во соопштението од ЗНМ.

Освен ова, се додава дека во текот на денот до ЗНМ пристигнале неколку поплаки од онлајн медиуми и тоа за попречување на нивната работа од страна на симпатизери на политички партии, како и за несоодветен однос на припадници на МВР во Скопје, но и во неколку други градови.

„Со цел да не се остави впечаток во јавноста дека органите за прогон ги игнорираат овие случки бараме нивно итно расчистување од страна на полицијата и брзо информирање на јавноста", велат од ЗНМ.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе