Даниела Николова од СДСМ: Ќе обезбедиме недела неработен ден и повисоки плати за работниците

СДСМ континуирано и посветено работи за зголемување на стандардот и унапредување на правата на работниците, порача денеска пратеничката Даниела Николова.

Во изјава за медиумите Николова кажа дека повторно ќе ја зголемат минималната плата, овојпат од 15.400 на 18.000 денари, а ќе обезбедат и донесување на измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто.

„Работниците и синдикатите се во право кога бараат деблокирање на законите кои се во интерес на работниците. Меѓутоа, како што е познато, пратениците од опозицијата во изминатиот период упорно го блокираа донесувањето на измените на Законот за работни односи и на други законски решенија во интерес на работниците. Ним воопшто не им е грижа за работниците и нивните права, тие се желни за гола власт, што впрочем и го покажаа, пред целата јавност, со своето однесување изминатите денови.

Недела неработен ден, повисока минимална плата, се реализираат со парламентарно демократско мнозинство и стабилна Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период“, рече Николова.

Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени.

СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден, повисоки плати за работниците, и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.

 

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе