Даниела Николова нова пратеничка во македонското Собрание

Собранието попладнево го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме", која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски.

Претходно, Собранието ја констатира оставката на Богдановски, која тој не ја образложи на седница.

Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија за во ИЕ 1, по поднесената оставка на пратеникот Мирослав Богдановски, согласно законската процедура, редоследно се предлага Даниела Николова за преостанатиот дел од мандатот.

Тој рече дека се спроведени сите законски обврски и процедури и предложи Собранието да го усвои Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. За предлогот гласаа вкупно 78 пратеници, а немаше против и воздржани.

По верификацијата на мандатот на Николова, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и ја продолжи 43-та седница, на која се гласаат преостанатите точки од дневниот ред.  

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе