Дане Талески и официјално стана амбасадор во НАТО

Амбасадорот Дане Талески денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со што и официјално започна неговиот мандат како прв постојан претставник на Македонија во НАТО откако земјава на 27 март лани стана полноправна членка на Алијансата.

Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот, по што следуваше состанок на амбасадорот Талески со генералниот секретар Столтенберг.

„Членството во НАТО на Северна Македонија е реализација на стратешка цел и реализација на еден од најважните надворешно-политички приоритети на државата што придонесе кон подобрување на стабилноста и безбедноста на државата, со позитивни импликации на целиот регион. Членството во НАТО е суверена одлука на Република Северна Македонија зацртана со едногласна одлука на Собранието во 1993, за која што секогаш постоел широк и силен меѓуетнички и надпартиски консензус“, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе