Анкета

Дали сте за да продолжи работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија?

Бугарските историчари по вчерашната средба со македонските колеги првпат рекоа дека има проблем со употребата на придавката „македонски“

Досега „проблематични“ беа Кирил и Методиј, Самоиловото царство, средниот век и кој тогаш живеел тука – Македонци или Бугари, чиј е Гоце Делчев итн... Сега Бугарите го отворија прашањето за употребата на придавката „македонски“.

Прогласувајќи ја средбата за неуспешна, бугарскиот преговарач Ангел Димитров рече дека македонските „колеги настојуваа насекаде да се стави 'македонски', што не е во согласност со востановената практика“, а Драги Ѓоргиев од македонската страна - дека „главен проблем е употребата на придавката македонски“.

Дали сте за да се прекинат или да продолжат преговорите на Мешовитата македонско-бугарска комисија?

Да, сум за продолжување по секоја цена
5% (114 гласови)
Да, сакам да продолжат, но со црвени линии
10% (212 гласови)
Не, сѐ додека не почнат да нѐ третираат како рамноправен соговорник
26% (554 гласови)
Не, доста беа преговори
58% (1230 гласови)
Не ме интересира
1% (23 гласови)
Вкупно гласови: 2133

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе