Можно прашање за референдумот

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? (ВИДЕО)

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? Во овој правец, како што кажа премиерот Зоран Заев, ќе се движи прашањето на референдумот. 

За ова, како што рече на прес-конференцијата по завршувањето на лидерската средба, ги информирал претставниците на партиите кои останаа на средбата откако замина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

На средбата исто така се разговарало и за тоа референдумот да биде консултативен.

„Граѓаните треба да бидат консултирани за вака важно прашање, а во однос на Договорот со Грција, тоа се уставните промени. Волјата на граѓаните ќе биде конечна за сите чинители во Собранието”, рече Заев. 

Одлуката, додаде Заев, се смета за конечна, доколку на референдумот излезат најмалку 50 проценти од  вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список.

„Значи без разлика на карактерот на референдумот одлуката се смета за успешна во ваков случај. И се отвори дебата дали да биде консултативен  или обврзувачки. Консултативен е кога ние сакаме да ги консултираме нашите сограѓани и потоа да ги носиме одлуките, како што е случајот со одлуките за промена на Уставот. Ако ние одлучиме  да ги носиме одлуките за промена на Уставот сега во Парламентот  и ги донесеме тие одлуки и потоа одиме тоа да го провериме на референдум, тогаш тој е дополнителен”, појасни Заев.

Во однос на датумот кога ќе се одржи референдумот, Заев повтори дека треба да биде распишан 60 до 90 дена пред одржувањето, но додаде дека планот е некаде кон средината на јануари да се заврши со сите постапки при успешен референдум, со што ќе се овозможи Парламентот во Грција да гласа за Договорот. 

На прашањето за предвремени избори рече дека изборите се секогаш опција, но додаде дека тие во моментов не се поволност.

„Сите знаеме што значат изборите, неколкумесечно уназадување, а трендот е одличен во Македонија заради тоа што во овој момент имаме покана за НАТО, добиваме датум за преговори со ЕУ и треба да бидеме паметни сето ова да го искористиме за економскиот стандард на граѓаните, за инвестиции, за придвижување, охрабрување на институциите”, изјави Заев и појасни дека според него, треба да се оди на редовни избори.

 

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе